Живот
7. March 2016 - 11:53

Цели 15 години ја барала биолошката мајка – кога дознала која е, останала во шок

Кога водителката и ја покажала фотографијата од нејзината мајка, Џени останала во шок.

Жената по име Џени Томас, медицинска сестра од Њујорк, знаела од нејзината четврта година дека е посвоена.

Иако убаво се согласувала со своите посвоители и ги сакала, сепак целиот свој живот сакала да дознае која е нејзината биолошка мајка.

Својата потрага ја започнала уште од 14 години, а после серија неуспеси, одлучила да се пријави за учество во емисијата „Long Lost Family“, за да и помогнат да ја пронајде жената која ја родила.

После 15 години потрага, Џени конечно дознала која е нејзината биолошка мајка и тоа бил нејзиниот најголем шок во животот!

Кога водителката и ја покажала фотографијата од нејзината мајка, Џени останала во шок, и на изненадување на водителката изјавила:

„Ја познавам!“

Џени ја знаела оваа жена веќе 10 години, бидејќи заедно работеле!

Имено, Нита Валдез ја родила Џени во болница во Рочестер и одлично се сложувале, дури и се дружеле.

„Бев во шок. Толку лица со годините посматрав прашувајќи се: „Дали е ова можеби таа? Дали ме гледа зошто ме препознава? Цело време оваа жена ја чувствував како мајка, и се доверував, не знаејќи дека таа всушност и навистина е мојата вистинска мајка“ – изјави Џени за „Њујорк Пост“.