Бизнис
29. јуни 2018 - 17:30

Цената на струјата незначително ќе се намали

Цената на струјата поевтини за незначителни 0, 1 процент. Пример  на  сметка од 2.000 денари  домаќинствата ќе заштедат  само 2 денари. Ова  минимално намалување од регулаторна го правдаат со воведувањето  на евтината струја минатата година. Со тоа граѓаните добиле поевтинување од 4 проценти.  Од регулаторна велат дека по разгледувањето на пресметките на енерегетските компании кај дел од нив има намалување на трошоците. Новата цена ваќжи од први јули.

Со либерализацијата на пазарот на  струја која треба да започне од следната година се предвидува и намалување на улогата  на ЕЛЕМ. Во 2019 компнанијата ќе задоволува 80 проценти од потребите на струја, а во 2020, 70 отсто. Од  регулаторна уверуваат дека  тоа нема  да предизвика ценовни шокови.

Во однос на барањето на  Град  Скопје дитрибутивната мрежа од Бег да ја превземат тие,  од регулаторна посочија дека до нив сеуште не е  пристигнато такво барање и не се во можност да видат дали новоформираното претријатие има основни средства за вршење на ваква дејност.

Ирена Чачкова за Сител телевизија