Loading Video...
Фудбал
28. February 2019 - 17:09

Челзи го доби лондонското дерби против Тотенхем

Екипата на Челзи го доби лондонското дерби против Тотенхем во дербито од 28.коло на Премиер лигата. 
 
„Сините“ славеа триумф со 2-0, откако Педро во 57.минута го постигна првиот гол, а Киран Трипиер  во 84.минута го изненади својот голман Лорис и си постигна автогол. 
 
Со трите освоени бодови, Челзи остана во игра за четвртото место кое води во квалификациите за Лигата на шампиони, и тоа со  три бодови помалку од Арсенал, односно два од Манчестер Јунајтед тимови кои имаа одиграно еден натпревар повеќе од Челзи.