Фудбал
4. March 2020 - 8:32

Челзи го елиминира Ливерпул од ФА Купот

 
 
Екипата на Челзи го победи Ливерпул во дербито од осминафиналето на англискиот ФА Куп. 
 
На дуелот одигран на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон, домаќините славеа победа со 2:0.
 
Уште во 13.минута, Вилијан го отвори резултатот, откако неговиот силен удар гостинскиот голман Адриан, не уепеа да го скроти, а одбиената топка заврши во мрежата.
 
Иако гостите брзо се созедоа и во продолжението се обидуваа да стигнат до израмнување, сепак Баркли со голот во 64.минута го најави поразот на Ливерпул и елиминацијата во осминафиналната рунда. 
 
До крајот на мечот, домаќините имаа и уште неколку идеални можности за нов гол, но Педро и Жиру не ги искористија своите шанси. 
 
Покрај Челзи пласман во четвртфиналето обезбедија и Њукасл кој со 3:2 на гости го совлада Вест Бромвич Албион, како и шефилд Јунајтед кој по продолжението славеше против Ридинг со 2:1. Меѓу осумте најдобри е и Арсенал кој ден порано го одигра мечот со Потрсмунд на гости (2:0).
 
Денеска на програмата се три натпревари: Шефилд Венсдеј – Манчестер сити, лестер – Бирмингам и Тотенхем – Нович, додека осминафиналната рунда ќе ја заокружат Дерби Каунти и Манчестер сити со натпреварот закажан за утре.