Чешките ракометари не можат да го преболат поразот во Скопје
Ракометарите на Чешка не го кријат огромното разочарување по синоќешниот пораз (25:27) во Скопје и пропуштената шанса да се пласираат на Светското првенство 2023.
Тие не можат да сфатат како загубија од македонската селекција за која велат дека е непопуларен противник, а пред три месеци им се спротивставувале на големите ракометни сили.
– Непопуларниот противник повторно стана фатален. Репрезентацијата можеше да се пласира на Светското првенство по осум години, но против Македонија не ја потврди улогата на фаворит. Во јануари имавме бестрашен и тимски настап на Европското првенство. Ремизиравме со подоцнежните победници Швеѓаните, го измачувавме финалистот Шпанија. Но, три месеци подоцна ни се случи разочарување. Психолошкиот товар беше преголем. Имавме кочница на главите, изјави капитенот Томаш Бабак.
Чешките медиуми не пропуштаат да ја истакната атмосферата во „Борис Трајковски“ за која пишуваат дека е бурна и дека е многу тешко да се игра.
Ново на Сител
-
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот
-
Роналдо започна преговори со Ал-Наср за продолжување на договорот
-
Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, приведено едно лице
-
ИДФ: Во нападот во Бејрут убиен уште еден командант на Хезболах, Набил Каук
-
Конкурсите за поддршка на проекти од културата ќе бидат објавени утре, новини во начинот на финансирање
-
Сообраќајка на две товарни возила, во прекин сообраќајот на магистралата Куманово - Крива Паланка
-
САД наредија дел од нивните вработени во Амбасадата во Бејрут да го напуштат Либан
-
Претрес во Тетово, пронајдена дрога