Честитка од Џафери до еврејската заедница за празникот Јом Кипур
Претседателот на Собранието, Талат Џафери во свое име и од име на на пратениците денеска упати честитка до членови на еврејската заедница во Република Северна Македонија по повод еврејскиот празник – Јом Кипур.
-На овој ден, кој е празник на проштевањето, упатувам искрени честитки со добри мисли и убави желби за здравје, благосостојба, семеен мир и радости. Но најмногу од сѐ, Ви посакувам длабоко во себе да го чувствувате мирот и спокојството кои ги носи проштевањето со себе. Човечкото битие не е совршено и понекогаш греши, меѓутоа човечката големина се гледа во проштевањето и ширењето на позитивните вредности како љубов, меѓусебно разбирање, почит и толеранција. Како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, сакам да искажам почит кон еврејската заедница, која заедно со сите други заедници, значително придонесува во општествениот живот и развој на државата и во оваа убава празнична прилика, искажувам искрени желби за стабилна, напредна држава, дом на сите граѓани во кој е најважен добриот и квалитетен живот за сите, пишува Џафери во честитката.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето