Честитка од Мицкоски до еврејската заедница по повод празникот Песах
Дозволете ми од мое и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да го честитам големиот празник Песах на припадниците на еврејската заедница и еврејскиот народ во Република Македонија.
Од се срце ви посакувам престојните празнични денови да ви бидат иссполнети со мир, спокој, среќа и добро здравје.
Еврејскиот народ низ својата историја има преживеано голем број тешки мигови и предизвици налик оние со кои денес се соочува човештвото. Верувам дека сите заедно сплотени ќе се исправиме пред предизвиците и рамо до рамо заеднички во овие денови кога светот се соочува со заразната пандемија ќе ја поразиме.
Македонија е земја на хуманоста и толеранцијата, а еврејскиот народ од македонските граѓани ја има почитта, а изолираните случаи на антисемитизам се само лош пример кои не се правило кој народот го следи.
Празнување на празници како денешниот е потврда за цврстата врска помеѓу македонскиот и еврејскиот народ. Пријателството помеѓу нашите народи е искрено и треба од ден на ден се повеќе да се продлабочува.
Дозволете ми уште еднаш да Ви го уште еднаш големиот празник Песах, и да Ви посакам многу среќа, љубов и здравје во овие празнични денови.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња