Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за празникот Водици
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани им го честита големиот празник Богојавление Христово - Водици.
- Одбележувајќи го овој голем празник ние го славиме нашето духовно раѓање. Радувајќи се на Христовото крштевање и осветувајќи ги македонските води ја продолжуваме и чуваме традицијата на нашите предци и ја потврдуваме вербата и почитувањето на традиционалните вредности, стои во честитката.
Светлината на големиот празник Богојавление Христово - Водици со својата духовност, значење и традиција, како што е нагласено во честитката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, отсекогаш претставувал еден од најголемите, најубавите и најрадосните празници во нашето православие кој треба да ни го осветли патот и да не научи заеднички да се радуваме, да живееме и да работиме бидејќи само така ќе ја постигнеме нашата цел, а тоа е успешна, силна и модерна Македонија.
- Негувајќи ја традицијата и духовното наследство, ќе имаме сила и верба заедно да ги издржиме секојдневните предизвици и искушенија, заедно да се радуваме на успесите, но и заедно да се бориме и работиме за нашата единствена и заедничка цел, а тоа е толеранција, разбирање и обединување на сите граѓани на Република Македонија, се вели во честитката.
Пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на верниците од православна христијанска вероисповед посакуваат овој голем ден да донесе радост, топлина, мир и спокој во секој дом, како и почитувување на вистинските христијански вредности.
Ново на Сител
-
Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви, се води истрага
-
При изведување градежни работи, пронајдени 145 артилериски гранати во Битола
-
Распродадени сите билети за завршниот турнир во Евролигата
-
Краделе нафта од паркирано возило, уапсени крадци во Кавадарци
-
МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот
-
Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна
-
Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации