Македонија
17. July 2015 - 12:55

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Рамазан Бајрам

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од муслиманската вероисповест во Република Македонија им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

- Празничните денови се моменти на радост, но и моменти на заедништво, солидарност и разбирање, вредности кои се длабоко вкоренети во нашата традиција и нашето битие. Во Македонија со векови сме ги граделе темелите на меѓуетнички и меѓурелигиски соживот, а големите празници како Рамазан Бајрам се моменти кога ваквите темели ги јакнеме и зацврстуваме, бидејќи тие се гарантот за напредокот и благосостојбата во нашето општество, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ. 

На сите верници од муслиманска вероисповест, ВМРО-ДПМНЕ им посакува празникот Рамазан Бајрам да го поминат во спокојна и радосна атмосфера со своите ближни, во моменти на благосостојба, затоа што, како што се наведува, личната благосостојба и успех се основата на просперитетот на една држава како целина.