Четири годишно дете ја застрела мајка си со пиштол во грбот!
Џејми Гилт (31) од северна Флорида е во болница откако нејзиниот 4 годишен син ја застрелал во грбот додека го возела во џип. Детето од задното седиште пукало во возачкото седиште, куршумот пробил во грбот на мајката и излегол низ нејзиниот стомак. Џејми Гилт во својата област е позната како борец за правото да се поседува оружје!
Според локалните медиуми, пиштолот кој бил легално купен, бил оставен во џипот меѓу седиштата, достапен за детето.
– Детето не седело на детско столче на задното седиште каде што требало да седи, кога полицаецот ја нашол неговата мајка повредена во автомобилот. Сега се утврдува како детето дошло до пиштолот – велат од полицијата.
Џејми Гилт е пренесена в болница и била во стабилна состојба но полицијата сеуште нема можност да разговара со неа.
Таа неодамна на социјалните мрежи се пофалила со новиот пиштол кој го купила да ја дополни нејзината колекција на оружје.
Таа на многу фотографии на социјалните мрежи ги покажува своите пушки, па дури и се фотографира со своето дете држејќи пушка во раката.
Детето не е повредено и згрижено е кај семејството.
Само два дена пред инцидентот таа на Фејсбук се пофалила дека сите нејзини деца знаат да ракуваат со оружје.
– Дури и моето најмало 4 годишно дете добро нишани – напишала мајката.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација