Четири лица загинаа во експлозија на гасовод во Романија
Четворица градежни работници загинаа синоќа во експлозија на гасовод во близина на романскиот град Калиманести (округот Вранча), а петмина повредени се хоспитализирани.
Во 01:30 часот, пожарникари биле повикани на автопат во изградба во Калиманести поради експлозија на гасовод, проследена со пожар. Како резултат на инцидентот пет лица се повредени.
За жал, на самото место се пронајдени четири јагленосани трупови, изјави портпаролот на Инспекторатот за вонредни состојби во Вранча, Флорин Олару, пренесува Аџерпрес.
Тој прецизира дека пожарот бил изгаснат за околу три часа и се прават напори за разладување на машините зафатени од пожарот.
Двајца од повредените во експлозијата се здобиле со изгореници од 65, односно 40 отсто, а со хеликоптер биле пренесени во болница во Букурешт, соопшти медицинската служба во округот Вранча.
Според прелиминарната верзија, експлозијата се случила откако багер ненамерно удрил во крак од гасоводот за време на ноќната работа.
Ново на Сител
-
Ставил отровна салама пред двор на куќа, маж од кавадаречко отрул улично куче
-
Фатено и второто лице кое го симна знамето на МПЦ-ОА и постави знаме на Албанија
-
Тренчевска: Пакетот антикризни мерки се носи во период кога им е најпотребен на граѓаните
-
Македонската репрезентација за едно место го подобри пласманот на ФИФА ранг-листата
-
Грчка невладина организација за заштита на децата на Фејсбук објави пост за исчезнатото девојче од Скопје
-
УХМР: Утре и во сабота зголемување на дневната температура
-
Угина Мали - „најтажната слоница на светот“
-
Вакцинирани над 950 деца во рамки на кампањата на МЗ и СЗО, со поддршка на ЕУ