Свет
25. April 2020 - 9:21

Четири пати повеќе оздравени од починати од корона вирус во светот

Бројот на заболени од коронавирусот во светот надмина 2,8 милиони, а умреле повеќе од 197.000 луѓе.

Според најновите податоци на „Ворлдметер“, вирусот зарази точно 2.831.454 луѓе, починати се вкупно 197.297, а оздравеле 806.894 луѓе.

Најмногу заразени има во САД или точно 925.038, па следуваат Шпанија 219.764 и Италија каде како заболени се водат 192.994 лица.

Најмногу жртви имаат САД - 52.185, потоа Италија 25.969 и Шпанија 22.524. Во Македонија има 1326 заболени од кои опздравени се 337, а починати 57.