Македонија
16. November 2016 - 8:35

Четиричасовен прекин на патот Маврово - Дебар кај Бошков мост

Патниот правец Маврово - Дебар кај Бошков мост - Косоврати и денеска ќе биде во прекин од 12 до 16 часот поради асфалтирање.

Јавното претпријатие Македонија пат информира дека во зависност од потребите ќе бидат пропуштани само приоритетни возила како брза помош, полиција или противпожарна.