Бизнис
25. October 2018 - 15:15

Четириесет и пет лица од Неготино и Демир Капија аплицирале за грант за млади земјоделци

– Четириесет и пет лица од Неготино и Демир Капија аплицирале за грант за млади земјоделци, во висина до 600 илјади денари неповратни средства.
 
Раководителот на неготинската подрачна единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, Ѓорѓи Ајтов појасни за МИА дека младите аплицирале согласно на јавниот повик за поддршка,  преку националната програма за рурален развој.
 
– Апликантите се носат со идеја за производство на финални производи и нивна продажба од куќен праг. Меѓу нив има заинтересирани за обезбедување на опрема за производство и преработка во лозаровинарството, но и такви со заинтересираност за набавка почнувајќи од пчелни сандаци, до пчеларска опрема за производство на мед, нагласи