Свет
5. October 2017 - 22:12

Четворица загинати во пожар во руска рафинерија

Четири лица загинаа денеска при пожар во рафинерија за нафта во градот Кстов во рускиот регион Нижњи Новгород.

Претставник на компанијата во изјава за ТАСС, нагласи дека четворицата загинати најверојатно се вработени во фирма добавувач која соработува со рефинеријата.   

Причините за пожарот засега не се соопштени.