-->
-->
Чини само 100 000 евра а вреди многу....
-->
Неколкупати напишавме дека Вардар мора да верува и да ја бара својата шанса во Европа токму преку екипи од Кипар, Унгарија, Австрија....во своите настапи во Европа. Иако многумина беа скептици и тврдеа дека Апоел е апсолутен фаворит сепак на теренот црвено-црните не загубија натпревар но се елиминирани. Ако се проанализираат двете средби ќе се види дека разликата е само во еден играч а тоа е Бразилецот Вандер Сакраменто Виеира кој беше креатор, лидер на кипарскиот тим и по неговата акција во вториот дел Апоел прв го отвори резултатот.
Кој е Вандер Сакраменто играчот со број 77?
Вандер е играч кој доаѓа од Бразил и во почетокот на својата кариера бил дел и од славниот Фламенго и не добива вистинска шанса па игра во помали екипи со желба да се пресели во Португалија но не успева и конечно во Европа доаѓа во 2012г и тоа во Бугарија во Ботев Пловдив и останува до 2014г. во Ботев игра една сезона заедно со Бобан Грнчаров сегашниот капитен на ФК Вардар.
Иако е миленик на навивачите во Пловдив сепак Вандер повеќе шанса добива во домашното првенство отколку во европските настапи. По одиграни 51 меч и 9 постигнати погодоци за Ботев заминува на Кипар во тимот на АЕК Ларнака и му помага за првпат во својата историја да ја освои вицешампионската титула на Кипар. По одличната сезона добива понуда од Апоел каде минува за сума од 100 000 евра и еве успева да го донесе до третото квалификациско коло од Лигата на шампионите и две средби со Митјиланд.
Вандер Сакраменто е тип на играч каков му треба на ФК Вардар. Доколку играше во црвено-црниот дрес со гаранција нашиот шампион ќе го минеше Апоел.....а цената му е навистина скромна.....
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива