Loading Video...
Свет
6. April 2021 - 19:36

Член на ЕМА потврди поврзаност на вакцината со згрутчувањата на крвта, агенцијата се уште без одговор

Сега можеме јасно да кажеме дека постои врска мегу вакцината АстраЗенека и згрутчување на крвта, но уште не знаеме што точно ја предизвикува таа реакција, тврди високиот преставник на Европската медицинска агенција Марко Кавалери. За италијанскиот весник Месаџеро тој вели дека ЕМА и официјално ке излезе со ваков извештај и некои препораки за да се намали ризикот.

- Се обидуваме да добиеме точна слика на она што се случува, прецизно да го дефинираме тој синдром кој настанува поради вакцината... Меѓу вакцинираните постои одреден број случаи на церебрални тромбози кај младите, бројка поголема од она што го очекувавме. Тоа мора да се каже, Марко Кавалери, ЕМА.

Тој вели дека треба да се одредат категориите на лица кај кои се јавува ваква состојба, со забелешка дека ризикот е најголем кај жени под 50 години.

Досега се потврдени десетици вакви случаи, од кои некои со смртен исход. Во Велика Британија се потврдени такви 30, од кои седум починале на вкупно 18 милиони имунизирани до 24 март.

Претходно Европската агенција излезе со заклучок дека не е докажана врска мегу вакцината на АстраЗенека и згрутчување на крвта кај вакицннираните, но дека се потребни дополнителни анализи.

Повеќе земји, меѓу кои Канада, Франција и Германија одлучија британската вакцина да не ја даваат на помладите лица. И Македонија привремено одлучи со АстраЗенека да ги имунизира граѓаните над 60 години. Норвешка, Данска и Исланд засега целосно ја забранија вакцината.

Од  АстраЗенека минатиот месец соопштија дека не постои никаков доказ за зголемен ризик и дека безбедноста на пациентите е нивен главен приоритет.