-->
-->
Човечки фактор причина за дефектот на водоводната мрежа во Делчево
-->
Во Делчево во тек е преземање мерки за отстранување на дефектот на главната водоводна линија кај река Габровчица, дефект поради кој делчевчани од вчера попладне се без вода за пиење. Според директорот на претпријатието Стојче Стојковски, причина за дефектот е човечки фактор.
-Дефектот кај река Габровчица според она што може да се види на лице место е предизвикан од човечки фактор. На самото место се гледа дека со бетонски блок (намерно или не) е скршена доводната цевка ФИ-200, која е ,,откриена” поради промена на речното корито од страна на физичко лице, вели Стојковски.
Тој информираше дека отстранувањето на дефектот е при крај и дека за кратко време ќе биде нормализирано водоснабдувањето во градот.
-Екипи на комуналното претпријатие работат уште од рано утрово, бидејки во текот на ноќта поради водата во речното корито не можеше да се работи. Нашите очекувања се дека до пладне дефектот ќе биде отстранет, со што делчевчани повторно ќе имаат вода за пиење, додаде Стојковски.
Со цел избегнување на казни, од претпријатието апелираа во иднина да не се вршат активности кои ќе влијаат на промена во речните корита, а со тоа ќе предизвикаат штети од несогледливи размери по водоводната мрежа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење