Свет
24. October 2018 - 20:55

Човечко стампедо усмрти две лица во Индија: Патници во страв да не им побегне возот се газеле еден со друг

Индиските власти соопштија дека најмалку две лица загинаа и уште 17 се повредени во стампедо кои настанало кога маса луѓе потрчале преку надвозникот на железничката станица во Калкута, на истокот од Индија, соопшти АП.

Се наведува дека голем број луѓе кои тргнале на пат во текот на сезоната на хиндуистички верски фестивали, брзале да го фатата возот во овој град кој е престолнина на сојузната држава Западен Бенгал.

АП наведува дека стампедото луѓе релативно е вообичаено работа во текот на индиските верски фестивали, кога се собираат огромен број на луѓе на мал простор, речиси без никакви мерки на заштита.