Македонија
4. July 2020 - 16:27

Чулев: МВР има капацитет за изборите

Полицијата е подготвена за спроведување мирни, фер и демократски избори. И покрај тоа што овие избори се специфични бидејќи се одвиваат во услови на пандемија и ќе траат три дена обезбедена е заштитна опрема за полициските службеници и сите потребни материјално технички средства. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев најави дека дека ќе побара од ОБСЕ како и дипломатските претставништва на сите мапирани ризични места каде се очекуваат изборни нерегуларности да има зголемено присуство на меѓународни набљудувачи.

Најкритични точки со висок ризик на изборни манипулации се местата каде живеат социјално ранливи категории на население.

Што се однесува на информациите објавени на социјалните мрежи за појави на агитирање на полициски службеници за одредена политичка партија Чулев најави дека во Скопје и Куманово се регистрирани такви случаи за кои се преземаат мерки и дисциплински казни.