Ципрас вети враќање на Грција на меѓународните пазари следната година
Грчкиот премиер Алексис Ципрас вети денеска дека Грција ќе се врати на меѓународните пазари во 2017 година и покрај одложувањето на оценката на имплементацијата на грчката спасувачка програма и тензиите меѓу Атина и кредиторите поради делењето на божиќните бонуси.
Ципрас изјави дека олеснувањето на хроничните фискални проблеми на Грција ќе ја врати земјата на пазарите втор пат, откако Атина прв пат побара меѓународна помош во 2010 година.
Во моментов тече третата спасувачка програма за Грција. Последната оценка беше откажана поради несогласување во ставовите меѓу Атина и кредиторите во врска со реформите на пазарот на труд и износот на очекуваниот буџетски дефицит.
Ципрас побара да биде забрзано постигнувањето на спогодбата со кредиторите, предупредувајќи дека забавувањето може да го попречи еконмскиот раст по годините на рецесија.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари