Ципрас во Варна на средба со Борисов, Тудосе и Вучиќ
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Варна ќе учествува на самит заедно со премиерите на Бугарија и Романија, Бојко Борисов и Михај Тудосе и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Денешната средба е продолжение на трилатералниот самит на Грција, Србија и Бугарија, кој беше одржан во Солун во првата половина на јули, на иницијатива на грчката Влада и премиерот Ципрас.
Четворицата лидери ќе разговараат за случувањата во Западен Балкан, за безбедноста и зајакнување на стабилноста, како и за европската перспектива на регионот. Прашањето за европската перспектива на Западен Балкан е особено важно и динамично во пресрет на бугарското претседателство со Советот на ЕУ во првата половина на 2018 година, соопштија извори од кабинетот на Ципрас.
Грција, како постара земја-членка на ЕУ и известувач за „Солунската агенда“ од самитот во 2003 година, понуди да придонесе со искуство во подготовка на претседателството на Бугарија со ЕУ.
На состанокот во Варна, исто така, ќе се разговара и за соработката на Грција, Србија, Бугарија и Романија во областа на економијата, транспортот и енергијата.
Самитот во Варна е дел од поширока вклученост на грчката дипломатија на Балканот, во многу критичен период за Југоисточна Европа, во кој Атина промовира иницијативи за регионална соработка.
На ниво на министри за надворешни работи веќе постојат два формата на соработка а тоа се меѓу Грција, Бугарија, Албанија и Македонија и меѓу Грција, Бугарија, Романија и Хрватска, како балкански земји-членки на ЕУ.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар