Македонија
8. August 2020 - 16:51

ЦЈЗ со апел за почитување на мерките, охридските плажи полу празни

Ризичното однесување за Илинденскиот продолжен викенд во главниот туристички центар ќе го даде својот резултат.Журките без почитување на мерките за заштита ,неносењето на маски ниту пак држењето дистанца ќе резултира со зголемен број на заразени лица .Од Центарот за јавно здравје велат дека од 15 до 25 август ќе се знае бројoт на заболени кој се очекува да биде во пораст .

Врнежливото време ги намали гужвите во туристичките центри долж охридското езеро. И покрај тоа што плажите овие денови се речиси празни сепак голема раздвиженост има по чаршијата и кејот на езерото.

Поради коронавирусот и затворените граници, Охрид и Струга летово се полни со домашни туристи.

Во текот на изминатат недела во Охрид COVID-19 e дијагностициран кај 25 лица додека во Струга кај  24 .Активни случаи во Охрид се 86, во Струга 190 .Најчесто станува збор за семејни кластери и поединечни случаи кои поради несовесното однесување ја прошируваат заразата.