Црна Гора повторно воведува служење воен рок
Доброволното служење воен рок ќе биде повторно воведено во Црна Гора во 2019 година, соопшти црногорското Министерство за одбрана.
Министерството нагласи дека главна причина за враќање на таа граѓанска обврска е заинтерсираноста на младите за служење на воениот рок.
Оваа новина ќе биде воведена 13 години откако Војската на Црна Гора ја укина обврската за служење воен рок.
Истражувањето на Атлантскиот сојуз на Црна Гора покажа дека повеќе од половина од младите испитаници би служеле воен рок.
На примерок на лица до 25 години 55 отсто одговориле потврдно на прашање дали се подготвени доброволно да служат воен рок.
Михаило Волков од црногорското Министерство за одбрана изјави денеска дека долгорочниот план за развој на одбраната предвидува воведување доброволно служење војска, а тој владин ресор е дотогаш должен да обезбеди законски рамки и финансиски предуслови за спроведување на проектот.
- Ќе имаме конкурс на кој ќе се пријават млади луѓе, рече Волков.
Обуката ќе трае три месеци, а за целото време на служење на воениот рок ќе биде предвиден и паричен надомест. По служење на воениот рок заинтересираните ќе имаат можност и да станат професионални војници.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација