Балкан
23. March 2020 - 8:49

Црна Гора: Прва жртва од Ковид-19, пациентот престојувал во Србија

Во Црна Гора почина 65-годишен маж од последици на новиот коронавирус, соопштија од Клиничкиот центар во Подгорица. Пациентот бил во Србија во првата половина од месецот.

Тој е прва жртва на вирусот „Ковид-19“ во таа држава.

Мажот, кој бил од Херцег Нови, бил примен во Клиничкиот центар со хронично белодробно заболување во саботата навечер, јавија црногорски медиуми.

„Примерокот за брис е земен по пристигнувањето на пациентот во Клиничкиот центар, а анализите потврдија дека пациентот имал Ковид-19. Овој граѓанин бил во Србија во првата половина на овој месец”, се вели во соопштението од Клиничкиот центар и Институтот за јавно здравје.