Балкан
26. December 2019 - 9:51

Црногорската полиција ќе ги казнува одговорните за денешниот непријавен собир

До црногорската Управа на полицијата до сега не е поднесена никаква пријава за оддржување на денешниот јавен собир во Подгорица, па затоа организаторите ќе ги сносат со закон предвидените последици, соопшти црногорското МВР.

„Секое евентуално собирање надвор од одредбите на Законот за јавни собири и јавни приредби ќе биде санкционирано, а организаторот ќе ги сноси законските консеквенци. На ваков начин ги повикуваме сите граѓани да се воздржат од излегувања на медиумски најавените собири како и да се почитуваат позитивните законски прописи и одговорно да придонесат за зачувување на јавниот ред и мир”, се наведува во соопштенето.

МВР на Црна Гора, исто така, наведува дека полицијата нема да дозволи собирања во близина на стратешките објекти, а ќе постапува по законските овластувања со цел да се оддржува јавниот ред и мир, непречено функционирање на државните институции и зачувување на личната, имотната сигурност и безбедноста  на сите граѓани на Црна Гора.

Пратеничкиот клуб на Демократскиот фронт преку Фејсбук упати повик до верниците на Српската православна црква денеска во 11 часот да се соберат во знак на протест пред Собранието на Црна Гора, на која е планирана расправа и изгласување на Законот за слобода на вероисповедта.