Македонија
23. јуни 2021 - 16:42

Дали најавите за промена на химната и знамето се предизборен дефокус од ДУИ?

Аналитичарите во дилема како да се толкува последната изјава на лидерот на ДУИ Ахмети дека било разговарано за промена на знамето, грбот и химната. Политикологот Божиновски смета дека се работи за класичен дефокус во моментот кога Бугарија повторно блокира во Брисел, но не исклучува и можност дека Ахмети реално ја подготвува јавноста и за такво сценарио.

Алберт Муслиу вели дека изјавата на Ахмети е ирелевантна во ситуацијава и проблемите со кои во моментов се судрува земјата. Не верува дека оваа изјава ќе се рашири во дебата.

Владата и коалицискиот партнер на ДУИ СДСМ демантираа дека разговарале со Ахмети за промена на трите државни симболи. И министерот Османи се огради од својот лидер, објаснувајки дека такви преговори се воделе пред 20 години, а не сега.