Loading Video...
Бизнис
27. December 2020 - 21:16

Дали петтиот пакет мерки ќе биде по мерка на бизнисот?

Почнуваат разговорите за петтиот пакет мерки. Владата најавува дека на почетокот на 2021 ќе излезе со нова поддршка за граѓаните и фирмите за справување со последиците од корона кризата. Засега нема детали за содржината на пакетот. Јасно е само дека на иста маса ќе седнат и синдикатите и коморите и ќе бидат слушнат нивните предлози. Портпаролот на Владата денеска вели дека и овој пакет помош ќе личи на претходните.

Бизнисмените пак точно знаат што треба да содржи новиот пакет мерки. Банкарски гаранции за сите компании кои имаат идеја што може да донесе пари. Еднаква поддршка за сите фирми и многу поцрвста борба со сивата економија, треба да биде фокусот на Владата во следниот пакет мерки, вели бизнисменот Рафајловски.

За поддршка на стопанството и домаќинствата Владата годинава одвои милијарда евра или околу 10% од БДП на земјата.