Свет
4. July 2015 - 15:10

Дали се Германија и САД се уште најдобри можни пријатели?

Кoга Барак Обама го посети Берлин пред две години, тој го маѓепса градот.

Илјадници луѓе беа радосни на летното сонце додека тој стоеше пред Бранденбуршката капија и го соблече палтото, кажувајќи и на толпата народ дека може да биде неформален затоа што е помеѓу пријатели.

Од ова очигледно беа извлечени споредби. Не далеку од таму и педесет години претходно - речиси на истиот ден - претседателот Џон Кенеди го одржа „Их бин ајн берлинер“ говорот пред одушевената маса народ. Како што напиша списанието Шпигел по посетата на Обама, претседателот „го напуштил градот остварувајќи ја главната цел - ставање на слој боја на доброто чувство во трансатланските односи кои неодамна почнаа да си ја покажуваат својата старост“.

Со години, Германците високо го ценеа претседателот Обама. Всушност, според истражување направено од Пју, каде се мерат рангирањата на земјите, довербата на Германците во Обама била највисока во светот. Се до минатата година, кога таа доверба нагло опадна, дури и под довербата кон него во Франција и Велика Британија.

А во изминатите неколку години, бројот на Германци кои гледаа благонаклоно на Америка исто така опадна. Сега бројот на оние со добро мислење за САД изнесува само 51 проценти .

- Медениот месец заврши, стоеше во еден наслов во весник. Па што се случи?

Комплицирани односи

Односите на Германија со САД можат најдобро да се опишат како комцлирани.

Прво, тука се културолошките разлики. На пример, Германците не споделуваат надметнувачката надворешна политика на Америка.

Постои недоверба и загриженост заради употребата на дронови, и заради војната во Ирак, на кои Германците силно се спортивставуваат и која се уште фрла сенка. И тоа беше пред кој било  да спомне тврдења за шпионирање.

Но додека геополитичките закани, како што е руската акција во Украина - ги разделуваат ставовите помеѓу двете земји, тие исто и ги обединуваат.

За Германија, САД е моќен сојузник - но западот ја гледа Ангела Меркел како главен комуникатор со претседателот Владимир Путин.

И како најголема европска економија, и според тоа и дефинитиво водечка европска нација, таа е важна и за САД, што ги прави односите помеѓу лидерите на двете земји толку интересни.

Кога Обама и Меркел неодамна беа фотографирани заедно високо во баварските планини на самитот Г-7, фотографијата распали шпекулации низ целиот свет. Што му кажуваше таа? Сакаше да го импресионира? Или си кажувале вицови?

По се, тоа е однос кои издржа повеќе силни олуји.

Телефонски прислушувања

Знаеме колку Меркел беше бесна кога во 2013 година се дозна дека тајните служби на САД можеби го следеле нејзиниот мобилен телефон.

- Пријатели да се шпионираат меѓу себе, тоа не е во ред, рече таа.

И јавноста во Америка се согласи со неа. А тврдењата за масовни следења на германски граѓани уште повеќе ги разводнија трансатланските односи. Меркел бараше договор „за нешпионирање“ кој никогапш не се донесе.

Дали се поправија односите Меркел-Обама?

-Тие се уште меѓусебно се почитуваат и имаат високо мислење еден за друг, рече Петер Бејер, пратеник конзервативец и „специјален известувач“ за трансатланските односи во германската влада. Тој укажува дека Меркел останала во „гостинската куќа“ веднаш до Белата куќа за време на нејзината неодамнешна посета на Вашингтон - а тоа е чест која не му се дава на ко јбило  посетител државник.

И се има чувство дека балансот на моќта се смени, дека претседателот Обама кој дома е доста ослабен, црпи корист од наводно силните односи со најмоќниот европски политичар.

-Тие се во блиски контакти, рече Бејер. „Канцеларот Меркел гледа дека Обама е под огромен внатрешен притисок“.