Loading Video...
Балкан
23. January 2023 - 16:31

Дали Вучиќ ќе се повлече поради притисокот за француско-германскиот план за Косово?

Тензична атмосфера и на Косово и во Србија. Во Белград утринава Вучиќ ја информираше владата за разговорите со мегународната петорка за решавање на ковското прашање. Во исто време на северот на Косово е ранет Србин во кој пукаа специјалците на Роса. Возилото со двајцата Срби се движело кај нелегалниот пункт на мостот на Бистрица. Повредениот Србин веднаш е пренесен во болница во Краљево. Во меѓувреме САД и ЕУ силно го притискаат Белград да го прифати германско францускиот предлог за Косово. Премиерката Брнабиќ појасни дека во спротивно ќе има бројни негативни економски последици за земјата, една од нив би можела да биде и враќање на визите. Таа истакна дека одлуката на крај ќе ја донесат самите граѓани.

Вучиќ на вчерашниот состанокот во партијата најавил дека размислува за оставка, откако некои од членовите инсистираа веднаш да се прекинат преговорите со САД и ЕУ.

Српскиот престедател најави дека вечерва ќе и се обрати и на српската јавност.