Џет-Сет
22. December 2016 - 23:40

Даниел наскоро ќе стане татко

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски со посебна радост ја дочекува 2017 година, со оглед на тоа дека тој и неговата избраничка Кристина Димитриевска кон крајот на зимата го очекуваат своето прво дете, пишува српски Стори.

Поради приновата тие ги забрзале и плановите за одење пред матичар како би ја официјализирале својата врска.