Данска ги отвора културниот и забавниот сектор од ковид ограничувањата
По еден месец затвореност, во Данска денеска повторно се отворени културните институции, зоолошките градини и забавните паркови, како дел од мерките за ублажување на последиците од пандемијата, и покрај тоа што се уште има голем број новозаразени лица.
Од денеска повторно се отворени музеите, зоолошките градини, забавните паркови, кината, театрите и концертните сали, за првпат по четири недели ограничувања на капацитетот.
За да пристапат до повеќето места, посетителите ќе мора да носат маска и да покажат сертификат што докажува дека се вакцинирани, неодамна закрепнати или негативни на тестот за Ковид-19.
Ноќните клубови, меѓутоа, и натаму остануваат затворени, барем до крајот на месецот.
Данска, земја со шест милиони жители, неодамна забележа повеќе од 20.000 нови случаи на ден.
Надлежните од јавното здравство посочуваат дека ова е веројатно врвот на бранот, а бројот на хоспитализирани е стабилен и покрај растот на заразените. Во данските болници во просек се хоспитализирани меѓу 700 и 800 луѓе со Ковид-19.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација