Данското разузнавање помогнало во американското шпионирање на Меркел и сојузниците од Европа
Данскиот јавен радиодифузер „Данско радио“ (ДР) соопшти дека американската Национална агенција за безбедност (НСА) ги прислушкувала дански набљудувачки интернет кабли за да шпионира политичари и високо позицонирани функционери во Германија, Шведска, Норвешка и Франција.
Информацијата е дека НСА ова го направила преку искористување на надзорната соработка со данската воена разузнавачка служба – ФЕ.
Данското Министерство за одбрана засега не одговори на барањата на медиумите за коментар за овој шпионски скандал што пред неколку години сериозно ги разниша односиоте меѓу САД и Германија.
Данската министерка за одбрана, Трине Брамсен, која на функцијата е од јуни 2019 година, за шпионираењето била информирана во август 2020 година, наведува Данското традио. Таа за ДР изјави дека „систематското прислушување на блиските сојузници е неприфатливо“.
Нејасно е дали Данска ги овластила САД да го користат својот систем за набљудување за да ги шпионираат своите соседи.
ДР ги обелодени информациите по истрагата спроведена заедно со шведската телевизија СВТ, норвешкиот НРК, германскиот НДР, „ВДР Зидојче Цајтунг“ и францускиот весник „Ле Монд“.
Германската канцеларка Ангела Меркел, тогашниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер и тогашниот опозициски лидер Пјер Штајнбрук се меѓу политичарите кои биле шпионирани од САД.
Шпионажата била детално опишана во таен внатрешен извештај на работната група на ФЕ со кодно име „Операција Данхамер“ и бил презентиран пред високиот менаџмент на ФЕ во мај 2015 година, тврди Данското радио.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид