Македонија
6. January 2020 - 11:07

Даути: Основен кривичен суд ни забранува да се подготвуваме и да даваме соодветна и професионална одбрана

 

Како прво и основно неопходно ние да внимаваме на повредите на принципот на владеење на правото со кои се соочувам како адвокат и бранител на обвинето лице Елисавета Најдовска од Скопје, во постапка која се води пред Основниот Кривичен Суд во Скопје.

Имено, од првиот ден, те. 04.11.2019 година, кога сум се ангажирал како бранител на обвинета Елисавета Најдовска од Скопје, до Основен Кривичен Суд Скопје, сум побарал да ми се даде можноста на превод од македонски јазик на албански јазик на сите списи и докази, се со цел да ми се овозможат сите права согласно закон, поради фактот да понудам најквалитетна моја одбрана на клиентот кој го застапувам во овој кривично правен настан, нешто што од страна на Судот никогаш не сум добил.

Сепак морам да истакнам дека со досегашниот начин на водење на судските рочишта ми се ограничува правото на користење на албанскиот јазик како мој мајчин јазик за службена употреба во судската постапка, што е спротивно на Амандаман V од Уставот на РМ и член 9 од Законот за употреба на јазиците, кои имаат за последица загрозување на правото на одбрана (заштитено со член 6 ст.3 од Европската конвенција за човекови права) и суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка.

Исто така, во оваа прилика сакам да истакнам дека и покрај моите писмени поднесоци доставени до надлежниот суд, со кои укажувам на горенаведените повреди и барам да ми се овозможи користење на албанскиот јасик согласно Уставот и законите во Република Македонија, судијата Ставрев свесно избегнува од неговите одлуки за неовозможување на ова право да се нотираат во записник за одржување на рочиште, со што ми се оневозможува по истите да поднесам жалба и да превземам други правни дејствија.

Додека, како Пример: Решението донесено на ден 19.12.2019 година, каде СЕ КАЗНУВА адвокат Мерџан Даути од Скопје, како бранител на обвинета Елисавета Најдовска од Скопје, СО ПАРИЧНА КАЗНА во износ од 2000 евра, во денарска противвредност по средниот курс на еврото на НБ на РМ на денот на правосилноста на решението, а под страв на присилно извршување, го донесе со превод од Македонски јазик на Албански јазик, додека, запинсниците за одржување на рочиште, иако не се  преведуваат, туку не ги доставува воопшто до нас како одбрана.

Необезбедувањето  на превод на сите потребни документи и материјали, односно необезбедувањето на симултан превод за време на целиот тек на постапката претставува суштинска повреда на постапката.

Во случај на неусогласеност на одредбите на овој закон со јазичните одредби нa друг закон, органите се должни да го применуваат членот 9 од Законот за употреба на јазиците.

Основниот Кривичен Суд Скопје, најпрвин треба и мора да обезбедуваат услови за одржување на рочиште, почнувајќи од самите Записници за одржување на рочишта, поради тоа што, неопходно е, со завршување на самото рочиште да ни се даде примерок од записникот, кое нешто никогаш не е направено, најмалку да ни се доставуваат, поради тоа што не се спремни да ги испринтат записниците за целата одбрана и обвинителството.

Исто така, неколку рочишта наназад не се дадени, ниту испринтани тие записници, за да можеме како одбрана-бранители, да се подготвуваме со вкрстено испитување.

Со други зборови, вкрстеното испитување претставува дел од судењето кога бранителот ги испитува сведоците предложени од другата странка и вкрстеното испитување треба да се сфати како стадиум од постапувањето, а не само како метод на испитување.

Одбраната мора да биде одлично подготвена да ги оспорува тврдењата на обвинителството, да ги дискредитира сведоците на обвинителството во текот на вкрстеното испитување, да пронаоѓа и предлага докази со кои ќе ја поткрепи „тезата на одбраната”.

Вкрстеното испитување има за цел потврда или осуетување на претходно кажаното, а не е основ за нови елаборации и објаснувања.

Основниот Кривичен Суд Скопје, со недавање на записници и закажување на секој дневни и одржување на рочишта за предметот „ТНТ“, ни забранува да се подготвуваме и да даваме соодветна и професионална одбрана, а тоа е ПРЕСЕДАН за правосудството!

Уште повеќе што, сега кога се новогодишните празници и празникот Божиќ, преку порталот на Основен кривичен суд Скопје, се информираме за нови определени термини, во врска со кривичниот предмет КОК.бр.53/17 познат во јавноста како „ТНТ“ беше објавено дека:

„заради ефикасност на постапката по предметот кој е во завршна фаза, доследно почитување на начелото за судење во разумен рок со што ќе се овозможи на одбраната да се подготви за постапување во други предмети, како и почитување на правата на обвинетите и на оштетените, надлежниот судечки совет определи нови термини за продолжување на расправата и тоа за 13 – ти јануари во 10:30 часот, 14 – ти јануари во 12:00 часот како и 15 – ти и 16 – ти јануари во 10:00 часот. Потоа расправата продолжува на веќе закажаниот термин на 17 – ти јануари во 10:00 како во период од 20 – ти до 27 – ми јануари секој ден во 10:00 часот“.

Почитувани медиуми,

Институтот судење во разумен рок е правен инструмент кој треба да биде почитуван од страна на судовите од секоја инстанца пред сè заради ефикасност на постапката и заштита на правата на засегнатата страна.

Согласно Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи, овој институт е пропишан во членот 6 кој гласи дека секој има право на правично и јавно судење, во разумен рок, пред независен и непристрасен суд во кој ќе бидат разгледани и утврдени неговите граѓански права и обврски или основаноста на какви било кривични обвиненија против него.

Во законот не е стриктно определено траењето на постапката и дали рокот на таквата постапка ќе се смета за разумен или не, од причина што секоја постапка е различна по низа објективни и субјективни елементи.

Иако, од моја страна нема никаква намера за навреда на судот, ниту непочитување, а најмалку нарушување на редот или не придржување на наредбата на претседателот на судејќиот совет, туку напротив, како адвокат сум приморан да внимавам и следам кон други судови, други предмети и придржување кон други клинети.