Свет
29. November 2015 - 20:00

Давутоглу: Турција подготвена да се соочи не само со бегалската криза, туку и со сите кризи

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу од средбата на врвот ЕУ-Турција во Брисел испрати порака дека неговиот народ е европски народ, а судбината на контитентот е прашање, кое ја засега и неговата земја, јави Си-Ен-Ен Турк.

- Турција е подготвена да се соочи не само против бегалската криза, но и против сите кризи, изјави тој, додавајќи дека сега е „точното време за таа заедничка позиција“.

- Оваа средба е надеж за сите нас. Ние треба да бидеме солидарни. Денесka нема да ја разгледуваме само бегалската криза, туку ќе разгледаме и како да дадеме акцент на европскиот идеал, рече Давутолгу.

Турскиот премиер соопштил и дека ЕУ и Турција одлучиле два пати во годината да одржуваат средби на високо ниво.