Фудбал
24. November 2022 - 12:14

Де Брујне: Не знам зошто ме прогласија за најдобар играч на натпреварот со Канада

Кевин де Брујне е зачуден зошто го доби признанието за најдобар играч на синоќешниот дуел со Канада на Светското првенство 2022.

Белгија во Ал Рајан ја победи Канада со 1:0 во натпревар кој не ги исполни очекувањата на фудбалската јавност.

– Мислам дека не одиграв добар натпревар. Не разбирам зошто такво признание за мене. Можеби поради името? – изјави зачудено Де Брујне.

Белгија по првото коло е лидер во Ф-групата со три бода, Хрватска и Мароко имаат по еден, Канада е без бод.