Македонија
3. September 2018 - 19:17

Дебата на невладините организации, владата и Град Скопје за изградбата на гасовод низ парк шумата Водно

Владините претставници и екоактивистите не успеја да се согласат околу изградбата на гасоводот на Водно. На првото јавно вкрстување на аргументите “за” и “против” гасоводна делница преку парк шумата, беа изложувани бенефитите од проектот, односно беше побарана негова ревизија и евентуална нова траса која нема да поминува на Водно.

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули на дебатата потенцираше дека Водно воопшто не е заштитено подрачје и апелираше властите заедно со невладините организации заедно да го донесат Законот за негова ревалоризација.

Главните забелешки на екоактивистите околу изградбата на гасоводот се многуте недоследности во проектната документација, незапазување на техничките детали, немањето конкретен план за повторно пошумување. Дополнуваат - не сме против гасоводната траса, но не преку уништување на белите дробови на Скопје.

Доловувајќи ги деталите од проектот преку видео презентација, директорот на Македонски енергетски ресурси истакна дека најголем проблем од неговот одлагање е економскиот аспект бидејќи тоа ќе значи дополнителни 20 милиони евра.

Од иницијативата „Го сакам Водно“ пред почетокот на трибината повторија дека не се согласуваат со ваков формат на дебата и бараат наредната да биде на некоја националните телевизии. Засега изградбата на гасоводот е стопирана, како што најавија надлежните, се додека не се најде заедничко решение.