Македонија
30. January 2019 - 8:41

Дебата за перспективите на Македонија за време на романското претседавње со ЕУ

 Панел дискусија на тема „Националните перспективи во рамките на романското претседателство со Европскиот Совет“ ќе се одржи денеска во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Амбасадата на Романија во Македонија, во рамки на претседателството на Романија со Европскиот совет.

На настанот ќе бидат презентирани приоритетите на романското претседателство со Советот, ситуацијата во регионот на Западен Балкан во однос на процесот на ЕУ интеграција, внатрешни и надворешни нарушувачки фактори, можностите за понатамошно промовирање на Македонија во светло на постигнатиот договор со Грција во овој шетсмесечен период.

Учесници во дискусијата ќе бидат Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС, романскиот амбасадор во македонија Виорел Станила, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, Оана Попеску, политички аналитичар од Global Focus Think Tank и Зоран Нечев, раководител на Центарот за евроинтеграции при ИДСЦС.