Деца извлекоа анаконда од Јадранско море - еве како ѕверот долг 2,5 метри се најде кај Шибеник
Пет момчиња во Шибеник извлекле од морето змија долга 2,5 метри. Ветеринарите прво не можеле да кажат за кој вид станува збор, а потоа утврдиле дека во прашање е зелена анаконда.
Змијата ја забележало едно од момчињата, а потоа сите заедно ја извлекле, пренесе „Слободна Далмација“.
Ветеринарската служба во Шибеник не можела да потврди за кој вид на змија се работи и дали е отровна, но било утврдено дека не припаѓа на ниту една домашна змија, како и дека умрела пред да заврши во морето, се наведува во соопштенито.
Се претпоставува дека рептилот бил чуван ако домашно милениче, кое умрело, па било фрлено во морето.
Со оглед дека телото на змијата е сочувано, ветеринарите заклучиле дека не била долго во водата.
Случајот е пријавен во полиција, која ќе спроведе истрага.
Ново на Сител
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори