„Дејли Телеграф“: Идентификувани главните осомничени за труењето на Скрипал
Полицијата и разузнавачките служби ги идентификувале осомничените за нападот на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, објави „Дејли телеграф".
Според весникот, се верува дека полицијата работи на случајот против осомничените, за кои се верува дека се вратиле во Русија.
„Телеграф" дознава дека истрагата ќе трае уште неколку месеци, но оти дошло до „голем чекор напред“ во идентификацијата на лицата за кои се верува дека се вмешани во нападот.
Весникот пишува дека осомничените најверојатно биле идентификувани преку листата на летови.
Сергеј и Јулија Скрипал беа отруени со нервен агенс во Салзбери на 4-ти март. Јулија беше отпуштена од болницата, а татко и се уште се опоравува таму.
Велика Британија ја обвини Русија за нападот, додека официјална Москва негира дека е вмешана во случајот.
Ново на Сител
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил