Македонија
3. August 2018 - 11:48

Дел од Усје денеска без вода

Корисниците од високата зона Усје денеска од 11 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот е поради уличен дефект на улицата „5“ број 81 во скопската населба Усје.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.