Демолирано детското игралиште во урбаната заедница „Влае 1“
Од непознати сторители вчера во доцните вечерни часови целосно е демолирано детското игралиште во урбаната заедница „Влае 1“.
Како што соопшти општина Карпош, само пред една недела биле уништени скоро сите реквизити и урбана опрема на детското игралиште во УЗ „Злокуќани“, како и детското игралиште во УЗ „Владо Тасевски“ во близина на Млечниот ресторан и новоотворениот парк во УЗ „Пецо Божиновски-Кочо“.
Во општина Карпош досега се уништени сите 60 детски игралишта. Локалната самоуправа апелира до своите жители да се воздржат од деструктивни акти бидејќи се работи за игралишта и реквизити кои го разубавуваат јавниот простор и каде најмладите заедно со своите родители се дружат и социјализираат.
Општина Карпош поднела пријави против Н.Н. сторител до МВР и очекува решавање на случаите.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд