Loading Video...
Свет
26. July 2021 - 12:28

Ден на жалост во Косово за жртвите во вчерашната автобуска несреќа во Хрватска

На Косово денеска е ден на жалост во чест на жртвите во вчерашната автобуска несреќа во Хрватска. Претседателката Вјоса Османи ја прекина службената посетата на Јапонија поради трагичниот настан и се врати во Приштина.  Во несреќата кај Славонски Брод загинаа 10 луѓе – 9  патници и еден од двајцата возачи, додека 44 патници се повредени, од кои 8 се во сериозна состојба. 

Причините за слетување на косовскиот  автобус од патот се испитуваат. Автобусот со косовски државјани сообраќал на релација Франкфурт  – Приштина.