Македонија
20. November 2016 - 9:05

Денес времето сончево со појава на магла

Времето во Македонија ќе биде сончево и претежно тивко, со мала локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, особено претпладне.

Температурата ќе се движи од 13 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и претежно тивко, со мала локална облачност.

Температурата ќе достигне до 13 степени.

Продолжува периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност, особено во ноќните и претпладневните часови.