Денеска е голем празник - правете го ова за да ви се врати со голема добрина
Денеска е Св. Јован Милостивиот.
Роден е на Кипар во кнежевско семејство. Од детството бил воспитуван како христијанин. Подоцна, по желба на родителите, се оженил и имал деца.
Но, семејниот живот не му пречел непрестано да напредува во доблесниот живот. Кога му умреле жената и децата, бил избран за патријарх во Александрија. Ја управувал оваа Црква десет години.
Од сите доблести, посебно го одликувала милостивоста, заради што и бил наречен милостив. Се успокоил на Кипар, во своето родно место, во 620 година. Неговите чудотворни мошти биле пренесени во Цариград, па дури во Будимпешта и најпосле во Пресбург.
Денешниот празник го одбележуваат сите цркви и Јован Милостивиот го сметаат за светец на добрината. Поради тоа се смета дека на денешен ден треба да биде милостиви кон секој кој ќе ја побара вашата помош.
Ако сте скарани со некого, или лути некому, простете. Се верува дека тој што ќе прости, ќе му се врати повеќекратно.
Ново на Сител
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти