Македонија
24. October 2020 - 8:32

Денеска е Св. апостол Филип

 Свети апостол Филип потекнуваше од Кесарија Палестинска. 

Беше женет имаше 4 ќерки. Кога светите апостоли ги бираа ѓаконите во ерусалимската Црква, што требаше да се грижат за бедните и болните и да ги огранизираат вечерите на љубовта т.е. агапите, меѓу нив беше избран Филип.

А кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, тој се повлече во Самарија и таму го проповедаше Евангелието, и не само што го проповедаше туку и го сведочеше со многу чуда, изгонување на демони и исцелување болни.

Го заврши овој живот мирно и во длабока старост се пресели во радоста на својот Господ.