Македонија
5. March 2021 - 8:23

Денеска е Св. Лав Катански, никако не смеете да се омрсите

Свети Лав живеел во деветтиот и десеттиот век. Родум бил италијанец од Равена. Родителите му биле видни и побожни луѓе и во младоста му овозможиле да стекне добро образование. Свети Лав многу се подвизувал во милостињата. Како епископ на сицилискиот град Катана се грижел за сите бедни, бездомници, сираци.

Заради неговите големи добродетели Бог му дал дар да чудотвори. Се упокоил во длабока старост и бил погребан во црквата на свети Лукија.