Денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од „Фајзер-Бионтек“
Министерството за здравство соопшти дека денеска ќе пристигнат 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“, кои државава ги купила преку Ковакс механизмот.
До крајот на годината, како што се посочува, преку Ковакс механизмот е најавена испорака на уште 100.000 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“.
Пристигнатите вакцини за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација. Освен на вакциналните пунктови, вакцинацијата во нашата земја се одвива и теренски. Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се победи пандемијата. Само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени