Loading Video...
Ракомет
14. August 2020 - 10:18

Денеска на струшкиот ракометен турнир

Трет ден натревари на 48-то издание на традиционалниот струшки ракометен турнир
 
Во првиот меч од денешната програма играат домаќинот Струга и Металург кој по поразот од Еурофарм Пелистер во првото коло, вчера забележа убедлива победа над Прилеп со 33-24. 
 
Прилепчани и денеска ги очекува тежок меч (од 19:15 часот) и тоа во пелагониската пресметка во која  битолски Еурофарм Пелистер ќе ја има улогата на фаворит.
 
Во последниот натпревар од денешната програма, актуелниот европски шампион  Вардар кој во својата премиера го победи Охрид со 27-25, вечерва во терминот од 21:15 часот, ќе игра против втората екипа на Еурофарм Пелистер.
 
Потсетување дека натпреварите се играат на отвореното игралиште на популарната „женска плажа“, а поради здравствените протоколи турнирот минува без присуство на публика.