Македонија
8. March 2016 - 8:19

Денеска променливо облачно со сончеви периоди и слаб ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер кој попладне во поголемиот дел од земјата ќе преминува кон северен.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб прежно северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 17 степени.